Проектот е направен за потребите на предметот
Мартин Бојмалиев 163099
Филип Ќамилов 163190
Јанаки Бајатовски 163034
Идеата за овој проект беше да направиме функционална "Кладилница" во која секој корисник ќе може да се регистрира, става пари и игра на неколку од нашите игри.
Постои класа која се вика: Player и секој објект кој е креиран од таа класа може да се серијализира. Со креирање на корисничка сметка, е креира таков објект од класата, и дирекно се зачувува на локација /$project/users/${username}.user.
При логирање се бара дали постои таква датотека на таа локација, доколку има се проверува ПИН и доколку тој се совпаѓа, истата таа датотека се вчитува во статичката променлива CurrPlayer која ја користиме како покажувач кон логираниот корисник.
При вчитување и запишување користевме стандарно читање и запишува во датотека, но не користевме Open File Dialog за да корисникот мисли дека се работи за реална база на податоци.
Секој логиран корисник има опција да стави пари на неговата корисничка сметка како и да игра некоја од нашите "коцакрски игри".
Crazy Roullete е едиција на реалниот рулет, во која наместо на бројки, ние се обложуваме на дел од нашите професори на ФИНКИ.
Играта е од забавен карактер и нема намера да повреди никој.
Освен тоа што можеме да се кладиме на професорите, ние можеме да ставиме пари на: црно/црвено и машко/женско.
Кога играта ќе заврши, се доделуваат освоените пари и играта продолжува со нова рудна.
Сите од 13те полиња имаат ист коефициент на добивка и тоа е: 12.
Fruit Spin е игра каде што се обложуваме на овошки кои се вртат. Коефицинтите за повеќе комбинации се различни.
Играта е едноставна, го селектираш својот влог, кликаш Spin и Со среќа :)
Roll a dice е игра која ја игравме во нашето дество. Се собираме неколку другари, земаме жарче и се натпреваруваме кој ќе фрли најголема бројка. Овој пат, ние се натпреваруваме со комјутерот.
Го селектираме нашиот влог, селектираме колку пати да се врти коцката и фрламе.
Што поголема е нашата бројка од просекот на сите наши "другари" компјутери, толку поголема е и нашата добивка.